2win800x200

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО БИТОЛА

Октомври 09, 2023

 

Општина Битола во партнерство со Асоцијацијата места и градови со исклучителни вредности во Франција “Sites & Cites”, Асоцијацијата на архитекти на Македонија како и професионалци и експерти за културно наследство и урбанизам од земјите учеснички, ЗЕЛС и други партнери, го реализира проектот: Знаење, заштита и вреднување на старите урбани јадра во Македонија и Албанија.
 
FB IMG 1696862562784
 
Преку наведените цели во проектниот наслов, проектот упатува на работа за спојување на алатки за урбанизам на културното наследство со сензибилизација на населението и на носителите на одлуки, како и вреднување на местата од интерес. 
 
FB IMG 1696862570862
 
Во рамките на овој проект, обезбедено е искуство преку вмрежување на експерти и примери од француските градови за начинот на кој таму e третирано и се обележува културното наследство. 
 
Преку повеќе online работилници и посети, за Општина Битола беше дефиниран урбан комплекс – Стара Чаршија и рута на движење за туристи/жители со 10 точки на интерес. Трасата на движење, на која се поставуваат информативните табли, во соработка со ЈП Паркинзи, ги опфаќа следните локации: Безистен, река Драгор, Стара Чаршија, Ликовна колонија Монмартр, Занаети, Чешми, Гостилници, Џамија Хаџи Махмуд Беј, Зелен пазар и Амам Дебој. 
 
FB IMG 1696862573713
 
За проектот, изработена е графика и елементи, кои се во континуитет на претходната сигналитика и претставуваат една целина. 
 
Покрај овие информативни табли, деновиве се поставуваат и 10 алатки за лица со попреченост со Брајово писмо, како туристичка сигналитика на следните локации: Саат кула, Св. Димитрија, Католичка црква, Јени џамија, Исак Џамија, Безистен, Офицерски Дом, Кино Манаки, Музеј и Хераклеа. 
 
Овие алатки, беа изработени, како дел од проектот насловен „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“, кофинансиран од Програмата за прекугранична соработка со Грција, а реализиран од страна на здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола и Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ГАУС Институт – Битола. 
 
 FB IMG 1696862576298
Со овој проект, се зголемуваат можностите за подобрување на пристапноста на лицата со попреченост, до дел од најзначајните културно историски споменици во градот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани