2win800x200

Сојузот на борци го чествуваше 11 Октомври, Денот на револуцијата

Октомври 11, 2023

 

 
По повод 11 Октомври, Денот на револуцијата,   денес во името на ОО на СБМ-Битола  пред Споменикот на револуцијата цвеќе положи   претседателот, Стефан Бошков, на Партизански гробишта, членот на претседателство, Јонче Лајмановски, а пред споменикот во с.Лавци, потпретседателот,  Данка Јанковска.
 
На 11 октомври 1941 започна Антифашистичкото востание на македонскиот народ, кое постепено прераснало во Националноослободителна војна и довело до формирање на првата македонска национална држава. Имено, со решение на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, според однапред подготвениот план, поделен во три групи, на овој ден извршил напад на бугарскиот полициски участок и затворот, ги прекинал телефонските и телеграфските линии во Прилеп. Со тоа се означил организираниот почеток на оруженото востание на Македонија против фашистичките окупатори, национална и социјална слобода и создавање сопствена македонска национална држава. Востанието на македонскиот народ и четиригодишната Националноослободителна војна која се разви од него, биле изведени, организирани и водени од националноослободителното и комунистичко движење на македонскиот народ. Македонските комунисти недвојбено стоеле на ставот дека националната слобода на Македонците нема никој да им ја дарува, туку дека таа треба да се извојува. Тие сосема јасно декларираа дека „Земјата што дала еден Илинден, таја ке дај и друг“, па на востанието и на Антифашистичката војна предводена од нив им давале сосема јасна, не само класно-пролетерска содржина, туку и македонска национална содржина. Оттаму, антифашистичкото востание претставува најважниот меѓник во македонската борба за национална слобода и самобитност во борбата за афирмација на одделниот македонски национален идентитет, потенцираат од ОО на Сојуз на борци Битола
 
FB IMG 1697037043951
 
FB IMG 1697037058241
 
 
FB IMG 1697037055644
 
FB IMG 1697037064854
 
FB IMG 1697037061955
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани