2win800x200

Викендов во Битола - ГРАДСКО ПРВЕНСТВО ВО ТЕНИС

Октомври 19, 2023

Тенискиот клуб Чакулески со поддршка од општина Битола по подолг временски период организираат градско првенство во категориите црвен и портокалов тенис.

Турнирот ќе се одржи на новите три тениски терени кај Градскиот стадион на 21.10.2023 година, со почеток во 10.00 часот.

Организаторот на настанот се надева дека на овој начин повторно ќе се даде акцент на тенисот како спорт, со учество на што поголем број млади тенисери и тенисерки, кои се поканети да земат учество на градското првенство.

Покрај натпреварувачкиот дел, настанот ќе биде збогатен и со други забавни активности, а општина Битола и натаму ќе ги поддржува спортските активности, кои што го јакнат спортскиот дух кај младите битолчани. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани