2win800x200

Едукативен центар MAXI-место за современо и креативно учење

Октомври 25, 2023

Едукативниот центар  МАХI  е  место каде децата имаат можност на современ начин да стекнуваат знаење, креативно да го минуваат времето, да се дружат, учат и да ги совладуваат наставните содржини. Едукативниот центар MAXI се наоѓа на улицата Партизанска во Битола (веднаш до Расчекор), сe протега  на површина од 150 м2 во исклучително пријатен амбиент и  функционира во неколку сегменти. 

За децата од 3 до 5 години има дневен престој  со претшколска едукација за ран детски развој, каде децата имаат можност да ги развиваат своите потенцијали во креативна средина, да стекнуваат знаење со сите потребни нагледни средства, но и низ забава и игра.  

-Групата се состои не повеќе од 15 деца со цел да се задржи квалитетот и на секое дете да му се посвети подеднакво време и внимание. На најбрз и наједноставен начин им помагаме на децата да  развиваат моторика, меморија, графомоторика, концентрација, самодоверба, креативност. Учиме низ игра! Стекнуваме секојдневни навики, учиме нови работи, се дружиме и тука го минуваме денот заедно како едно големо семејство, велат од едукативниот центар MAXI 

Во Едукативниот центар MAXI има можност  и за школска едукација по наставните програми за ученици од прво до петто одделение, за  сите оние на кои им е потребна помош при совладувањето на наставниот материјал или пишување на домашните задачи.  

Побрзајте, затоа што уписите во MAXI траат се додека има слободно место, а Едукативниот центар работи од 8 до 18 часот.  

Покрај едукација, МАXI нуди и игротека за роденденски забави за деца на возраст до 5 години. Тоа е единствено место во градот каде може да  се изнајми  комплетно опремена игротека за родендените на децата и секој да си донесе храна и пијалак  од дома.  

Едукативен центар MAXI

Работно време секој работен ден од 08:00 до 18:00 ч.

Ул. Партизанска бр. 17 (до Расчекор)

Тел. 070 519 525

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

1.Предшколска едукација ран детски развој (дневен престој за деца од 3 до 5 години

2. Школска едукација(наставна програма за деца од 1 до 5 одд)

3. Игротека за роденденски забави (за возраст до 5 год.)

Линкови до социјалните мрежи 



Screenshot 20231020 084931 Gallery
 
Screenshot 20231020 084242 Gallery
 
Screenshot 20231020 084702 Gallery
 
Screenshot 20231020 083920 Viber
 
Screenshot 20231020 084005 Viber
 
Screenshot 20231020 084858 Gallery
 
Screenshot 20231020 084831 Gallery
 
Screenshot 20231020 084748 Gallery
 
Screenshot 20231020 083626 Viber
 
Screenshot 20231020 084103 Viber 1
 
Screenshot 20231020 083609 Viber 1
 
Screenshot 20231020 083956 Viber 1
 
Screenshot 20231020 084803 Gallery 1
 
Screenshot 20231021 114235 Gallery 1
 
Screenshot 20231021 114414 Gallery 1
 
 
комерцијална објава
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани