2win800x200

Нискоградба ги повикува граѓаните да не го фрлаат градежниот шут насекаде, туку да соработуваат со нив

Октомври 26, 2023

Деновиве, на повеќе локации во градот беше затекнато несоодветно одлагање на градежен шут, што негативно се одразува врз животната средина, а претставува и дополнителна причина за создавање диви депонии.

Општинскиот инспекторат и КЈП Нискоградба интервенираа на затекнатите локации, но апелираат до граѓаните на поголема совесност и отстранување на градежниот шут, согласно правилата за постапување со истиот. За таа цел, сите граѓаните кои имаат потреба од оваа услуга, потребно е да се јават во КЈП Нискоградба на телефонските броеви 047221016 или 047233600 и да побараат од претпријатието истиот да биде отстранет. Не е дозволено ниту отстранување на градежен шут со нелиценцирани превозници за оваа дејност, кои понатаму го одлагаат отпадот на локации кои не се предвидени за таа намена, со што се создаваат диви депонии.

Доколку, граѓани, забележат фрлање на градежен шут на одредени локации, потребно е за истото да пријават во општинскиот инспекторат на телефонскиот број 075312460.

Навременото постапување е од голема важност за совесно и одговорно делување, затекнатите слики да не се повторуваат, а со тоа и сите заедно да придонесеме за почист град.

Во прилог се фотографиите од затекнатите локации на кои интервенираше КЈП Нискоградба.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани