2win800x200

Деветтодделенецот Вања Арсиќ го освои првото место на Регионален натпревар по стрелаштво

Ноември 04, 2023

 

Вања Арсиќ, ученик во 9то одд. во ООУ "Св. Климент Охридски" - Битола го освои првото место на Регионален натпревар по стрелаштво што се одржа во организација на Училишни спортови. 

Вања досега освоил  три пати прво место на регионалните натпревари по стрелаштво, едно прво и едно второ место во државните училишни натпревари по стрелаштво, трето место на државниот куп на МССФ(Македонска Спортска Стрелачка Федерација).  Прогласен е за млад спортист (спортска надеж) за 2022год. за Битола, а имаше и учество на меѓународни натпревари во организација на МССФ.

Нашиот Вања е добитник на стипендија од Федерацијата за Училишен спорт на Македонија. Моментално активно се подготвува за финалниот куп кој ќе се одржи на 18.11.2023 каде ќе се натпреваруваат само десетте најдобри стрелци во Македонија во организација на МССФ.

Вања на своите врсници и воопшто на сите млади им порачува -„Младите што повеќе да се занимаваат со спорт бидејќи секој спорт претставува здрав и дисциплиниран начин на живот кој што позитивно влијае врз психо-физичкиот развој на секој млад човек.“

Покрај стрелештвото Вања има и други хоби:риболов, билјард, свири бас-гитара, IT програмирање, инсталирање и сл.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Нема достапен опис.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани