2win800x200

ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА СОЈУЗОТ НА БОРЦИ И НА ЗБРАТИМЕНИТЕ ГРАДОВИ

Ноември 04, 2023
Традиционално, на 4 Ноември, пред полагањето на свежо цвеќе, се одржува прием на претставници од општинската организација на Сојузот на борци, во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски.
Во заедничка дискусија, уште еднаш се потсетија на вредностите на НОВ и жртвите кои што беа дадени во тоа време, за денешната слободна Битола, како и за тековните активности на ова здружение.
Можно е да е слика од 2 луѓе и текст
Делегациите на збратимените градови, исто така традиционално, по полагањето на цвеќе, имаа средба со градоначалникот Тони Коњановски во неговиот кабинет.
Оваа година, од сите поканети збратимени градови, во Битола се присутни градоначалниците и нивните колеги од градовите Епинал во Франција, Осијек од Хрватска и Пожаревац, соседна Србија.
Можно е да е слика од 9 луѓе и Овалната канцеларија
Градоначалниците истакнаа дека ваквиот вид на средби е само чекор повеќе кон заложбата за продлабочување на взаемните односи, кои водат кон проширување на соработката во повеќе области.
Градоначалникот Тони Коњановски изрази посебно задоволство од средбата со колегите, при што беа разменети пригодни подароци.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани