2win800x200

Една жртва вечерва во тешка сообраќајка кај Ротино, неофицијално дознава Апла.мк

Ноември 06, 2023

Во тешка сообраќајка што вечерва се случила кај Братиндол на патот Битола Ресен имало една жтрва и двајца потешко повредени.

Вечерва од 20.45 часот на магистралниот пат А3 Битола-Ресен, поради случена сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува по стар пат, извести АМСМ.

Во 19,32 во СВР Битола било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Ресен, во близина над с.Братиндол, битолско се случило сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „вмв" со ресенски регистарски ознаки управувано од Б.Н.(24) од с.Езерани,ресенско и сопатник К.Ш.(25)од с.Царев двор,ресенско и патничко возило „рено клио"со охридски регистарски ознаки управувано од Г.С.(50) од Охрид и сопатничка Н.С.(55) од Охрид . Од страна на Доктор во Клиничката болница во Битола,кај лицето Г.С констатирана е смрт како последица од повредите а, додека кај сопатниците констатирани се повреди. Увидот го врши увидната екипа на СВР Битола, соопшти портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова  .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани