2win800x200

Битолскиот театар гостува на Фестивал на актерот во Никшиќ

Ноември 08, 2023

Народен театар-Битола вечер ќе настапи на меѓународниот Фестивал на актерот кој се одржува во црногорскиот град Никшиќ.

 

Во претставата „Брод за кукли“ настапуваат актерките и актерите Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

 

– Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ, е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки, потсетуваат од НУ Народен театар-Битола во пресрет на вечерашниот настап во Никшиќ.

Во натпреварувачката програма на меѓународниот Фестивал на актерот, освен НУ Народен театар-Битола, учествуваат Народен театар-Сараево, Народен театар-Белград, Центар за култура-Тиват и Народен театар-Бања Лука.

 

Фестивалот на актерот во Никшиќ годинава се одржува под мотото „Така е (ако така ви се чини)“. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани