2win800x200

Илиевска му подари шамивче на Коњановски да ја избрише розевата прашина од очилата, тој праша кога Поинаку ќе почне да работи

Ноември 09, 2023

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, денеска го искористи присуството на градоначалникот Тони Коњановски на 33 седница, но не за да му постави советничко прашање, затоа што рече дека веќе нема што да го праша, туку да му подари марамче за, како што рече, да ја избрише розевата прашина од очилата, затоа што во Битола не е се розово.

-Вие од мене добивте поддршка пред 2 години. Но, еве сега на 2 години, ќе ве потсетиме, се сеќавате на Наташа Петровска велевме дека немаме повеќе прашања. Сега Ви кажувам отворено, дека и за Вас немаме веќе прашања. Сметам дека кога ќе дојдеме во салата на седница треба да отвориме прозорците за лагите побрзо да излегуваат и да имаме попријатна атмосфера, бидејќи две години се осеќам дека мене секој ден некој ме лажел. Да ве потсетам, ако се сеќавате кога во минатиот состав кога рековте да ги тргнат розевите очила сите советниците од тогашното мнозинството, затоа што во Битола не е се розево. Еве јас ќе ви дам едно шамивче, ако сакате и цела кутија ќе ви купам, да си ги чистите почесто наочарите, бидејќи очигледно имате розева прашина на наочарите и не гледате што се случува во градот. Да Ве потсетам дека рековте оти во овој совет секогаш ќе имате поддршка па дури и од СДСМ, за жал на последните седници во оваа сала ВМРО-ДПМНЕ нема поддршка од никој. Мислам дека треба да се запрашате зошто никој не Ве поддржува, рече Илиевска

Градоначалникто Коњановски праша кога Поинаку ќе почне да работи.

-Во однос на реакциите на Поинаку, Талески ви сметаше, Наташа ви сметаше, Коњановски ви смета. Кога ќе почнете да работите, кога ќе покажаете вие што умеете? Има прилика, за 4 месеци се избри. Повелете, рече Коњановки

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани