2win800x200

„Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот"-превентивни активности во Битола, Демир Хисар и Прилеп

Ноември 12, 2023

На подрачје на Демир Хисар, Битола и Прилеп полициски службеници од Отсекот за превенција, криминалистичката полиција, како и од Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола, ОВР Демир Хисар и ОВР Прилеп, денеска и вчера реализираа превентивно - едукативни активности посветени на основците и средношколците.

Притоа, во средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар во соработка со Црвениот крст спроведоа едукативно предавање на тема „Кажи не на дрогата, да на животот“. Во рамки на предавањето, учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците по здравјето кои произлегуваат од користење дрога.

Исто така, инспектори од Отсекот за превенција, криминалистичка полиција и компјутерски криминал при СВР Битола на учениците од осмо и деветто одделение при основното училиште „Даме Груев" во Битола им укажуваа за ризиците кои произлегуваат преку користењето на социјалните мрежи, како и начините за нивно навремено препознавање и превенирање, како и за ризиците и опасностите кои произлегуваат од користењето на недозволени супстанции.

Покрај ова, во средното општинско училиште „Ѓорче Петров " во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп реализираа предавање на тема "Не користи дрога и алкохол". 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани