2win800x200

Општина Битола доби физибилити студија за видео надзор

Ноември 13, 2023

Околу четириесетина камери ќе треба да бидат поставени на триесетина локации во Битола за градот да добие виде наздор со цел поголема безбедност на граѓаните и јавните добра. Ова го предвидува физибилити студијата што по нарачка на Општина Битола ја изработи фирмата „Кабтел“ од Скопје.

Во физибилити студијата направено е мапирање на клучни локации за снимање од влезовите на градот, клучните крстосници и пешачките зони, средните и основните училишта, парковите, делови каде се одлага комунален одпад, објектите за култура, плоштадот и Широк Сокак.

Видео надзорот ќе биде слрден од еден мониторинг центар, а Тони Ѓоргиев претставник на фирмата која ја изработи студијата рече дека приватноста на граѓаните нема да биде загрозена.

„Опфатени си сите аспекти од Законот за заштита на лични податоци, земајќи во предвид сегментот каде треба да се заштити приватноста, а каде треба да биде изложена за да се заштити безбедноста на граѓаните. Податиците нема да бидат злоупотребувани, ќе се користат ислучиво за да се зголеми безбедноста на граѓаните и градот“, рече Ѓоргиев.

Предвидено е камери да се постават и во парковите, каде често се случуваат девијантни однесувања, односно кршење на клупи, дрвја, канделабри и друга урбана опрема. Изработувачот на студијата посочи дека за да се постават камерите нема да бидат сечени дрвја, туку ќе се најдат соодветни места за да може да се снима потребниот агол, а да не пречат крошните. Воедно, за да биде заштитена камерата од кражба или демолирање, се поставуваат две вкрстено.

„Во општина Битола повеќе години наназад се зборува за потребата од видео надзор, тоа е барање и од граѓаните со цел подигање на нивото на безбедност на градот, заштита од внадализам со кој се уништуваат опрема или објекти поставена на јавни површини, јавни добра. Целата е намалување на криминалот, насилството, одржување на хигиената“, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Засега нема теримин кога ќе биде изработен проектот за видео надзор и кога ќе биде инсталиран на терен. Надлежните рекоа дека ова обемен проект кој бара добивање на бројни дозволи. Колку точно ќе чини ќе се знае откако ќе се направи фаиналана премер пресметка.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани