2win800x200

Мицкоски: Ковачевски и Зечевиќ да се охрабрат и да се договориме за избори

Ноември 14, 2023

Ковачевски и Зечевиќ да се охрабрат и да се договориме за заеднички избори, порача денеска опозицискиот лидер Христијан Мицкоски кој беше на терен во Битола.

„Ние за тоа зборуваме долго време дека е потребно да имаме заеднички избори и дека е потребно на еден трошок, бидејќи не е Македонија богата држава која може да си дозволува ваква одвоени циклуси, а од друга страна заеднички избори ја зголемуваат можноста изборите да бидат успешни да нема потоа повторување и да не влеземе во дополнителна уставна и законска криза. Јас го охрабрувам раководството на СДСМ, Зечевиќ и Ковачевски да се надминат себе си и да застанат во интерес на народот и да се договориме за датум.“ – рече Мицкоски.
Ја повика власта час поскоро да седнат на разговори

„Ние како ВМРО-ДПМНЕ стоиме на располагање за договор, за разговор во било кој формат“ – рече Мицкоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани