2win800x200

На денешен ден формирана е Егејската бригада

Ноември 18, 2023
Егејска бригада, предавање на знамето од Виктор Мешулам-Бустрик на Илија Димовски-Гоче, 18 ноември 1944 Егејска бригада, предавање на знамето од Виктор Мешулам-Бустрик на Илија Димовски-Гоче, 18 ноември 1944

На 18 ноември 1944 година, во Битола е формирана Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, попозната како Егејска бригада. По тој повод, пред зградата на општинските и обласните власти во Битола, се одржала свеченост на која се одржале пригодни говори ѝ било предадено военото знаме на Бригадата.

 received 1404445480162011

 

Штабот на бригадата го сочинуваа Илија Димовски-Гоче командант, негов заменик Наум Пејов, политички комесар, Михаил Керамитчиев и заменик комесар Вангел Ајановски-Оче.

 

Егејската бригада1111

(Штабот на Егејската бригада во Битола (од лево кон десно): Наум Пејов, Васил Макриевски, Илија Димовски-Гоче, Минчо Фотев, Костадин Хрисомов и Михајло Керамитчиев.)

 

Во време на формирањето, бригадата броела над две илјади борци, распоредени во четири баталјони. Нивниот команден состав го сочинувале: во Првиот (Костурски) баталјон: Сотир Андоновски командант, Благој Даскаловски негов заменик, Вангел Манговски политички комесар, Спиро Лазаревски негов заменик; во Вториот (Лерински) баталјон: Димитар Тупурковски командант, Левтер Олевски негов заменик, Никола Шишковски политички комесар, Коста Малиновски негов заменик, Михајло Попов началник; во Третиот (Воденски) баталјон: Ристо Кордалов командант, Методи Биков негов заменик, Горги Јаков политички комесар, Динко Делевски негов заменик; во Четвртиот баталјон за тешко оружје: Милтијади Попниколов командант, Пандо Марковски негов заменик, Аргир Кузевски политички комесар, Ване Шишковски негов заменик. Во Петтиот баталјон составен од Македонци од Егејска Македонија што пристигнале од Бугарија заедно со бригадата „Гоце Делчев“, командант бил Костадин Смилевски, негов заменик Пандо Пинзов, а политички комесар Атанас Ашлаков. Приливот на нови борци, особено по договорот во Варкиза, овозможил наскоро да се формира и Шестиот баталјон.

На 3 јануари 1945 г. Бригадата во целост била прекомандувана во Гостивар и Тетово и учествувала во ликвидирањето на балистичките банди кои, сè уште дејствувале во овие реони. Во почетокот на март 1945 година, Бригадата била стационирана во Битола и Гевгелија, а заради разни меѓународни  импликации во врска со Грција и тамошната ситуација, со наредба бр. 236 од 2 април 1945 г. на Главниот Штаб на НОВ на Македонија, Бригадата била расформирана, а нејзиниот боречки состав распореден во други единици. Нешто подоцна, најголемиот дел од борците на Бригадата се вратиле во Егејскиот дел на Македонија и ги создале првите одреди на Народноослободителниот фронт (НОФ), а подоцна станале борци во единиците на Демократската армија на Грција, каде повторно покажале огромна пожртвуваност во борбата за национални и социјални права и слободи.

 

 

 (Битола- свеченост во 1984г. кога е откриена спомен чешмата  по повод 40 години од формирањето на Егејската бригада) 

Битола Егејска бригада Спомен чешма 1984

 (Вангел Ајановски-Оче ја открива спомен плочата по повод 40 г од формирањето на Егејската бригада)

 

1984

 (учесници на свеченоста по повод 40 години од формирањето ан Егејската бригада)

Подготвил: проф.д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани