2win800x200

Татјана Петровска е новиот претседател на Основниот суд Битола

Ноември 20, 2023

Седум судии денеска во Судскиот совет дадоа свечени изјави како претседатели на повеќе Основни судови од државава.

Станува збор за судиите од Основниот граѓански суд Скопје - Бесник Авдија, Основниот суд Битола - Татјана Петровска, Основниот суд Неготино - Билјана Толова, Основниот суд Кичево - Флутурије Дервиши, Основниот суд Крива Паланка - Орце Јанковски, Основниот суд Прилеп - Јасмина Шишковска Стојковиќ и Основниот суд Штип - Ацо Тасев кои неодамна беа избрани за претседатели на овие судови.

Дел од судиите, односно судијките Јасмина Шишковска и Флутурије Дервиши и судијата Бесник Авдија, претходно ја извршуваа функцијата в.д. претседатели на конкретните судови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани