2win800x200

Четворицата малолетници од Долно Оризари краделе компјутерски делови од училиште во Битола, пронајдено и одземено возило на битолчанец и вратено на сопственикот

Ноември 20, 2023

Откриени и повикани четворицата малолетници кои краделе компјутерски делови од училиште во Битола, пронајдено и одземено возило на битолчанец и вратено на сопственикот.

Денеска (20.11.2023) полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола, по преземени оперативни мерки во СВР Битола повикале на разговор четворица малолетници, сите од с.Долно Оризари, битолско, во присуство на нивните родители. Тие се сомничат дека извршиле "тешка кражба" на делови од компјутери од подрачното училиште „Даме Груев", во с.Долно Оризари. Малолетниците во целост го признале кривичното дело, предметите се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во текот на денешниот ден, исто така, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во населба „Баир" во Битола го пронашле патничкото моторно возило марка „југо" со битолски регистарски ознаки, кое од страна Ј.Ј.(82) од Битола било пријавено за украдено. Возилото е вратено на сопственикот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани