2win800x200

Новогодишниот сјај на Старата битолска чаршија

Декември 08, 2023
Со посебна светлина, Старата битолска чаршија, започнува да го најавува новогодишниот сјај, кој оваа година ќе заблеска од уличките и сокаците кои значат богато минато и нова можност за културно – туристичка промоција и економски напредок на Битола.
Општина Битола, започнувајќи го новогодишното украсување од Старата битолска чаршија, продолжува со креирање на својата „Зимска приказна“, кај Саат кулата, низ Широк сокак, се до Офицерскиот дом каде визуелната слика ќе биде комплетирана со новогодишната елка. На сите локации со активно учество и придонес на дуќанџиите, бизнис секторот, културно – забавните уметници и актери, како и на сите заинтересирани субјекти ќе се одвива програма која има за цел да создаде вистинска атракција за сите посетители.
Магичната светлина на Старата битолска чаршија, веќе ја најавува „Зимската приказна“, а во деновите што следуваат, градот ќе блесне во својот ненаметлив, но секогаш магично привлечен сјај...
Можно е да е слика од 3 луѓе, осветлување и улица
Можно е да е слика од 1 лице, осветлување и улица
Можно е да е слика од 2 луѓе, осветлување и улица
Можно е да е слика од 2 луѓе, осветлување и улица
Можно е да е слика од 3 луѓе и улица
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани