2win800x200

Продолжува изградбата на топловодната мрежа, се формира прстенот околу Битола

Декември 14, 2023

Продолжува изградбата на топловодната мрежа низ Битола. До Нова година се очекува северниот крак да пристигне до кружниот тек на Дулие, а јужниот до ОУ Коле Каниски. Потоа северниот крак продолжува кон Иван Милутиновиќ, Булевар 1 Мај, и во оваа фаза ќе заврши стотина метри над гимназијата Јосип Брзо Тито. Јужниот крак, пак од Коле Канински, продолжува кон Партизанска, Васко Карангелевски и Младински бригади.

 

00114.MTS.00 00 00 00.Still001

„Сега имаме видливи точки каде што може да се види влегувањето на Топлификација во градот и работиме со огромна динамика, според предвидениот план. Моментално минуваме под железничката линија со бушење, нема сечење, нема копање. Ова е една од трите точки кои што досега се изработија, со врвењето под реката Црна и под патот Новаци и оваа точка тука, останува врвењето под реката Драгор, кое ќе се случи за многу бргу време, рече Горан  Козаров, директор на АД Топлификација Битола 

00428.MTS.00 00 09 03.Still001

Козаров вели работат на локации согласно изготвените сообраќајни решенија,. Топлификација сега го составува прстенот околу градот, на кој ќе бидат приклучени 35 јавни институции. Во втората фаза ќе има приклучување на домаќинства.

00116.MTS.00 00 00 00.Still001

-Во оваа фаза проектот предвидува приклучување на 35 јавни установи, училиштата, јавните претпријатија, судовите. Низ трасата оставаме шахти за кога ќе дојде разгранувањето на мрежата од таму ќе се вадата изводи согласно потребите на објектите кои ќе се приклучуваат за да нема повторно копање. Во таа фаза, втората, ќе бидат приклучени котларите на големите станбени згради. Тоа се осумте котлари во зградите од поранешната Топлификација со кои се опфатени од 2500 до 3000 домаќинства. Ова е еден од најголемите проекти во поново време, како од ефектите кои се очекуваат така и по големината на инвестицијата, значи придобивките се и од финансиски и од еколошки аспект. Со почетокот на работа на Топлификација ќе бидат елиминирани најголемите загадувачи на градот, рече директорот на АД Топлификација Горан Козаров

00129.MTS.00 00 00 00.Still001

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани