2win800x200

Тешка сообраќајка со една жртва и неколкумина тешко повредени на патот за Новаци

Декември 20, 2023

Тешка сообраќајна несреќа со една жртва и неколкумина тешко повредни се случила синоќа околу 19 часот на патот Битола-Новаци кон РЕК Битола. Во сообраќајката учествувале повеќе возила. Официјални информации за сообраќајката ни ги потврдува Сања Стаматова портпарол на СВР Битола 

-На 19.12.2023 во 18.53 часот, на регионалниот пат Битола - Маково случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка „ сеат”со битолски регистарски ознаки управуван од С.Н.(41) од с.Долно Агларци,Општина Новаци и сопатници во возилото М.С.Н.(36) и две деца на возраст од 6 и 10години, патничко моторно возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управуван од Ј.В.(29) од Ресен и сопатници Д.В.(64) ,Р.В.(29) од Ресен , патничко моторно возило марка „рено”со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.О.(48) од Битола и товарно моторно возило марка „даф” со прикачена полуприколка со албански регистарски ознаки управуван од В.К.(38) од Р.Албанија. Во несреќата од здобиените повреди возачот С.Н.(41) починал, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт,додека со тешки телесни повреди се здобиле децата на возраст од 6 и 10 години,Д.В.(64) а, Ј.О.(48) и Ј.В.(29) се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка Болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола во присуство на јавен обвинител, изјави Стаматова

.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани