2win800x200

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ДО ВЕРНИЦИТЕ КОИ ДЕНЕС ГО ПРОСЛАВУВААТ БОЖИЌ

Декември 25, 2023
Градоначалникот Тони Коњановски, во негово име и во име на Општина Битола, им го честита Христовото раѓање на припадниците на католичката вероисповед кои го слават празникот според Грегоријанскиот календар.
„Светлината на новото раѓање која доаѓа на денешиот ден, нека донесе радост, среќа, почит и спокој во сечија душа, во секое семејство и дом.
Нека нѐ води вербата во Бога, како патоказ за подобро утре на сите луѓе, да создаваме подобра иднина, да оставаме напредок за нашите идни поколенија, со добра мисла и разум.
На денот на Христовото раѓање, заеднички да ја подигнеме симболиката на љубов во нашите срца, давајќи му ја пред се на ближниот. Ви посакувам топлина, љубов и спокој во Вашите домови.
Христос се роди! Среќен Божиќ!“
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани