2win800x200

Коњановски со честитка до православните верници за Божик

Јануари 07, 2024
Во духот на значењето кое го носи празникот, радоста за раѓањето, почитувањето на семејните и градењето на човечките вредности, Градоначалникот Коњановски, испрати честитка, до сите свои сограѓани, пријатели и верници од православна вероисповед, кои денес го слават Божиќ:
„Новото утро нека нѐ исполни со радост, добро здравје и убави желби. Да се радуваме на веста која нѝ ја носи светлината, љубовта, милосрдието. Градењето позитивни промени, нека биде на добробит на сите нас, во текот на целата година.
Да се почитуваме меѓусебно, да ги негуваме вистинските вредности, да создаваме добри дела кои со добрина ќе нѝ го исполнат животот.
Посакувам овие празнични денови да ги поминеме во мир и разбирање, а секој дом да биде исполнет со семејна топлина и благосостојба.
Нека ни е среќен големиот христијански празник Божиќ!“, стои во честитката на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани