2win800x200

КОЊАНОВСКИ ЗА ТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ - ПО ОДЗЕМАЊЕТО НА ИНГЕРЕНЦИИТЕ, ВРАБОТЕНИТЕ ВО ТЕХНИЧКОТО УЧИЛИШТЕ ОСТАНАА БЕЗ ПЛАТА

Јануари 23, 2024
 
Градоначалникот Тони Коњановски денеска излезе со информација околу последните состојби во дел од битолските училиште. 
Информацијата ви ја пренесуваме во целост.
 
Уште во втората половина на декември, предупредив дека, начинот на кој делува Министерството за образование и наука, води кон деструкција на битолското образование, преку одземање на ингеренциите на локалната самоуправа и целосна партизација на училиштата.
Веднаш после мојата прес конференција, во која побарав спречување на крах во битолските основни и средни училишта со нивно оставање без 301 наставник, ми беа одземени ингеренциите само во делот на назначување на директори на 2 основни и едно средно училиште.
И покрај завршените огласи за избор на директор, основното училиште „Климент Охридски“ и средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“, сеуште немаат избрани директори. Генералниот секретар на СДСМ, по назначувањето од МОН и понатаму е в.д директор на ОУ „Климент Охридски“, додека техничкото училиште нема ниту в.д директор, а веќе 11 дена вработените се без плата.
Како градоначалник, поради грижа за функционалноста на образовниот систем во општината, добив информации дека училишните одбори и во двете училишта ја завршиле својата работа и се обратиле до МОН за назначување на директор, постапка која мора да ја спроведе Министерството, поради одземените ингеренции на градоначалникот.
Очигледно, непостапувањето на Министерството е уште еден обид за нанесување ненадоместлива штета врз битолското образование, која за жал може да остави големи последици на воспитно – образовниот процес на учениците.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани