2win800x200

На денешен ден почина Богоја Фотев, учесник во НОБ

Јануари 27, 2024

На денешен ден, 27 јануари 1993

Во село Бистрица, Битолско., почина Богоја ФОТЕВ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е на 14 август 1900 г. во селото Герман, Леринско, Егејскиот дел на Македонија. Во напредното комунистичко движење од пред Втората светска војна. По окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија активно работи на организирање на антиокупаторска борба. Заради својата дејност уапсен и затворен од бугарските фашистички окупаторски власти. Делегат на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 г. и член на Президиумот на АСНОМ. Подоцна назначен за повереник за финансии и секретар на Президиумот на АСНОМ. На Второто заседание на АСНОМ кое се одржа во Скопје од 28 до 30 декември 1944 г. избран за повереник за земјоделство. На Третото заседание на АСНОМ во Скопје од 14 до 16 април 1945 г. избран за член, а во пролетта на 1945 г. и за претседател на Президиумот на Народното собрание на Македонија. Во 1949 г. се изјасни во полза на Резолуцијата на Информационото биро (ИБ) и е отстранет и изолиран од општествено-политичкиот живот. Носител на Партизанска споменица 1941. 

 

Подготвил: проф. д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани