2win800x200

Засилени контроли на Битолската сообраќајна полиција-синоќа фатен возач со 2,58 промили алкохол во крвта

Март 03, 2024
фото А.Блажевска фото А.Блажевска

 

Денес низ Битола можат да се забележат засилените сообраќајни контроли, на неколку позиции низ битолските сообраќајници. така е во моменот на Црн Мост.  Контролите продолжуваат и во наредните денови. 

Во текот на изминатата вечер (02/03.03.2024) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 19 возачи, од кои 9 во Битола, 4 во Прилеп и по два во Ресен , Македонски Брод и Крушево. При контролата биле откриени 12 останати прекршоци.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Објавено од А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани