2win800x200

Се реконструира улицата „ЗАХАРИЈА ШУМЉАНСКА“

Март 28, 2024

Градоначалникот Тони Коњановски, најави дека продолжуваат активностите за реконструкција на улицата „Захарија Шумљанска“, кај Светонеделските гробишта во Битола. -Активно се работи на поставување ивичници, доградба на тротоар и поставување на нов коловоз. Согласно предвидената динамика, асфалтирањето се одвива постапно, така што дел од трасата е асфалтиран, а следните денови се продолжува и на другите делови од двата краци на улицата. Со реализацијата на проектот, конечно ќе биде исполнето долгогодишното барање на битолчани и улицата ќе биде реконструирана во должина од 1453 метри, објави Коњановски.

 

 

Објавено од А.Б

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани