2win800x200

Честитки - Педесет години ОУ „Ѓорги Сугарев“ – Битола.

Април 06, 2024

50 ГОДИНИ ООУ ,,ЃОРЃИ СУГАРЕВ“ - БИТОЛА

Јубилеите претставуваат меѓници на човековата цивилизација. Заокруживме една целина,  5 децении ОУ ,,Ѓорги Сугарев“ – Битола.

Под мотото ,,Моето минато - моја иднина“ синоќа во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола се одржа Свечена академија каде ја споделивме нашата восхит и нашата гордост на петте децении наше постоење. Приказна за паметење исполнета со радост, возбуда, воздишки и сеќавања.

Денес сите заедно се гордееме, се поклонуваме, го чуваме споменот и го носиме името на битолскиот учител, војвода и револуционер Ѓорѓи Сугарев.

433739869 1837989513384253 9091689098129804460 n

Цели  5 децении бројни ученици и учители со гордост и со должна и признателна почит и пиетет го носеле и го носат името на својот патрон Ѓорѓи Сугарев.

Ѓорѓи Сугарев, е еден лик кој остави траен белег во едно време и простор и прерасна во легенда уште за време на својот живот. Скромен по природа, тивок а од друга страна интелегентен и разумен, решителен со цврста волја и карактер. Човек кој поради своите особини и пред се храброста станува дел од македонскиот фолклор и неговото име и дело трајно е вградено во колективната меморија на македонскиот нарот.

Да се биде вработен во ова училиште е голема обврска, привилегија и пред се чест – вистински предизвик за секој просветен работник.

Училиште богато со своите различности, постигнатите резултати како и квалитетот кој во себе го носи наставниот кадар.

Горди на минатото, чекориме кон иднината.

433839091 863473468915689 5937399045600016402 n

Денес ОУ  Ѓорѓи Сугарев со право може да се нарече современо училиште, училиште кое учи, кое се гордее со сето она што го прави, посебно со начинот како тоа го прави.

Она што не прави посебно горди  е нашето лидерство во инклузивното образование и признанието за најдобра установа за заштита, образование и рехабилитација на децата со попреченост.

Сите заедно  го правиме најдоброто што можеме а децата го очекуваат тоа !

Нашето училиште и во иднина ќе продолжи да ги обединува сите интересенти во процесот на јакнење на меѓуетничката интеграција, во борбата против сегрегацијата и ќе продолжи да го развива и надоградува процесот на инклузија.

Уште еднаш би сакал на сите наши ученици и вработени да им го честитам Патрониот празник, нека ни е честит 50 годишниот јубилеј и нека биде вечна слава на нашиот патрон Ѓорѓи Сугарев.

М-р Роберт Филиповски - директор

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани