2win800x200

Нашата Катја Козарова со нов успех-национален првак во спортски танци во категорија Јуниор 2

Април 07, 2024

На Националните [ампионати на Р. Македонија во спортски танци, битолчанката Катја Козарова танчерка од ТСК Степ Ап од Битола освои прво место - национален првак во категорија Junior II и прво место - Прима Данца Куп во спортски танци. Катја е ученичка во ОУ „Гоце Делчев“ Битола и на свои 13 години успеа да биде избрана во најдобрите спортисти младинци за 2023 година на Битола. 

436261778 10233890053052531 6827252720993994964 n

Катја започна со танцување и активно натпреварување од 7 годишна возраст. Младата танчерка  со напорни тренинзи и посветеност од нејзиниот тренер Јагода Димовска постига успеси во и надвор од државата. Во текот на 2023 година таа се натпреваруваше на регионални, меѓународни и натпревари од WDSF категорија каде што освои 9 златни, 2 сребрени, 1 бронзен медал 2 четврти, 2 петти места. Денес Катја се наоѓа на високото 5-то место на светската ранг листа во категоријста Латино Соло. Честитки за Катја и и посакуваме успешна танцова натпреварувачка сезона и оваа година!

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани