2win800x200

Сајкоски од Битола: Глас за Силјановска е поддршка за Македонија

Април 08, 2024

На Битола и на Македонија им се потребни промени. Македонија и вашиот град со својата посебност заслужуваат да бидат претставувани од човек како нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова, изјави Ѓорѓија Сајкоски, носител на листа за пратеници од изборна единица 5 на вечерашниот митинг во Битола.

Сајкоски додаде дека Силјановска е професионалец со извонредни достигнувања.

„Таа е член на Венецијанската комисија, еден од најактивните пратеници. Во политиката таа е борец за право и правда. Потребно е претседателот да биде со народот кој ќе се стреми кон национално единство, а таа постојано говори и се заложува за истото“, кажа Сајкоски.

Според него потребно е единство прво да се постигне дома во државата, а потоа да бараме и другите да не почитуваат.

„Огромен број на сериозни проекти има партијата. Силјановска е гаранција дека можеме да ја побараме поддршката од вас за реализација на истите“ додаде Сајкоски.

„За да бидеме целосно успешни ќе ни треба лидер, ни треба претседател како Силјановска, но ни треба и добар премиер како господинот Мицкоски зошто нашите планови се сериозни“, изјави Сајкоски.

Ја побара поддршката од граѓаните на Битола на претстојните избори.

„Ја бараме вашата доверба, поддршка и глас. Тие ќе се помош во борбата за подобра Македонија. Глас за Силјановска е поддршка за Македонија. Глас за ВМРО-ДПМНЕ е поддршка за Македонија“, порача Сајкоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани