2win800x200

Во Демирхисарско се апсат дрвокрадци, пустош ја направиле коријата

Април 10, 2024

Во Демирхисарско се апсат дрвокрадци кои пустош ја направиле демирхисарската коријата, неофицијално дознаваме од жители на овој крај.

Во акција на МВР и Шумската полиција од утрово фатени биле дрвокрадци на повеќе локации во Демир Хисар, а едно од селата каде се вршел претрес било и  Слоештица, тврдат наши извори. Дрвокрадците од Слошетица според првичните информации биле фатени со над 20 кубици дрва, нелегално стекнати. Полицијата, според нашите извори влегува и во други села во Демирхисарско каде има информации за дива сеча од организирани „банди“.

Очекуваме официјална информација од СВР Битола и датали од акцијата.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани