2win800x200

Заврши реконструкција на улицата „Захарија Шумљанска"

Април 18, 2024
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на
завршните активности за реконструкција на улица „Захарија Шумљанска".
 
Со асфалтирањето на улицата, проектот се финализира, со што се реализира
долгогодишното барање на граѓаните, за обезбедување на соодветен пристап
до Светонеделските гробишта.
 
За реализација на овој проект во должина од 1453 метри, локалната
самоуправа инвестираше 24.400.000 денари.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани