АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Татјана Стерјева, сопственичката на втората најголема веледрогерија во Македонија „Еурофарм“, го презеде раководењето и на градежното претпријатие „Пелистер“ во Битола, чиј долгогодишен менаџер до скоро беше нејзиниот од неодамна покоен татко Силјан Мицевски, објави Фактор.
Битолски „Пелистер“ е голема градежна компанија, за македонски прилики и со своите финансиски резултати влегува во групата најголеми градежни домашни компании со посед на многубројна механизација.
Стерјева е основач, сопственик и генерален директор на „Еурофарм Битола“. Ова друштво во своите аптеки во 2022 оствари приход од 40,5 милиони евра. Во „Пелистер“ ќе биде сопственик заедно со други физички лица.
Целиот текст на faktor.mk