2win800x200

Во ОУ„Даме Груев“ Битола доделени наградите на најдобрите ликовни творби од сите училишта во градот

Април 26, 2024
Во ООУ „Даме Груев“ Битола се одржа настан по повод Велигден и доделување на наградите на најдобрите ликовни творби од сите училишта. Учениците од германската секција подготвија активности, презентации, музички точки и "фонтана" со цвеќиња во која учествуваа сите присутни ученици од основните училишта „Коле Канински“, „Елпида Караманди“, „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, „Тодор Ангелевски“ , а како гости беа и учениците од СОЕУ „Јане Сандански“ Битола. Огромна благодарност до Гордана Такец за донацијата за наградите за наградените ученици, а посебна благодарност до директорка на ООУ „Даме Груев“,  Биљана Дамчевска Бакиевска, за целосната поддршка на овој проект.
Frohe Ostern ви честитаат учениците од германската секција со наставничките Данијела Босилковска и Симеона Павловска, објавија од ООУ „Даме Груев“ Битола.
438802275 415836447857044 320427481065444180 n
438729912 415836391190383 7375737748149416326 n
438805401 415837067856982 8345792868717609315 n
438840924 415837501190272 5222809643298327531 n
439921264 415837237856965 2554573022276891063 n
440556299 415836824523673 2316229022789325509 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани