2win800x200

Васко Ковачевски: Убедливо победивме во Битола

Октомври 15, 2017

Битолчани избраа живот во Битола за сите, порача пратеникот од СДСМ, Васко Ковачевски. Тој ги соопшти податоците од аналитичкиот центар на партијата , па од обработени 75 проценти на податоци од избирачките места рече дека водството на Наташа Петровска е убедливо. 

 

-За Наташа Петровска поддршка дадоа над 25 000 битолчани наспроти 13 900 за Зоран Илиоски од ДПМНЕ. Ваквиот тренд кажува само едно, Битола во прв круг добива градоначалник- рече Ковачевски. 
Коалицијата предводена од СДСМ е во убедливо водство пред ВМРО-ДПМНЕ и за советничкиот состав. Така, за нивната советничка листа гласале  20 000, додека за листата на ВМРО-ДПМНЕ  12 800 гласачи.  
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани