2win800x200

Основана платформа „Земи здив“ за следење на квалитетот на воздухот во Битола

Март 17, 2019

Формирана е платформата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух "Земи здив" во Битола. Основана е од петте граѓански здруженија Младинска асоцијација ИМКА, Регионално географско друштво Геосфера, Здружение за одржлив развој Сфера Македонија, Здружение на граѓани- Центар за европски развој и интеграција и  Здружение на граѓани за советување и поддршка на лица со карцином или лица кои се излечиле- „Јасмин“.

Цели на Платформата „Земи здив“се:
* Подигнување на хипер-локална мрежа од сертифицирани мерни станици кои ќе го следат квалитетот на амбиенталниот воздух
* Идентификација, мапирање на загадувачите и доставување на поднесоци до институциите кои ќе се базираат на докажливи податоци од мрежата
* Генерирање на документи, извештаи и анализи за состојбата и квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола
* Предлагање на мерки за справување со аерозагадувањето
* Анимирање на сите граѓани и институции по прашањата кои се поврзани со квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола и
* Вклучување на платформата и во сите други активности поврзани со заштитата и унапредувањето на животната средина.

Задачи на Платформата „Земи здив“ со кои се остваруваат целите се: 
* Податоци во реално време за квалитетот на амбиенталниот воздух
* Инсталирање на сертифицирана сензорска мрежа 
* Месечни и квартални извештаи за квалитетот на воздухот
* Подигање на јавната свест
* Идентификација на загадувачите
* Анализа и конкретни мерки
* Следење на ефектите од мерките
* Изнаоѓање на решенија
* Креирање на политики
* Прогнози за аерозагадувањето
* Организирање на советувања, предавања и активности на теми за подобрување на амбиенталниот воздух

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани