2win800x200

Земјоделците произведуваат за пазар, а не за да добијат субвенции, рече Димковски

Јули 07, 2019

Внимаваме да не создадеме состојба во која сите ќе гледаат можност да заработат повеќе од државата отколку од она што е на пазарот, изјави министерот за земјоделство Трајан Димковски запрашан дали државата годинава ќе воведува мерки за заштита на домашното поизводство на жито.

„Цената на житото се движи повеќе од 10 денари и очекуваме да биде подобра од лани, но тоа зависи и од квалитетот на самата пченица, договорните услови и видот на производството. Земјоделците со поголеми количини се во подобра позиција да преговараат за цена, малите земјоделци имаат проблем со складирањето и се принудени од нива да го продадат родот. Во исто време правиме еден план како и минатата година преку Агенцијата за стокови резерви да се овозможи набавка од домашна печеница. Но, кога разговараме за вакви мерки мора многу внимателно да се пристапи, сепак разговараме за трошење на пари на граѓаните, но и внимаваме да не создадеме една состојба во која сите ќе гледаат да имаат можност да заработат повеќе од државата отколку од она што е на пазарот. Оваа година ја следиме состојбата, досега немаше потреба од таква мерка, но се зависи од движењето на цените на пазарот. Сите се согласуваме дека земјоделците прозиведуваат за пазар, а не за да добијат субвенции“, рече Димковски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани