2win800x200

Безбедни деца во сообраќајот- за безбедна и сигурна иднина

Септември 03, 2019

Првоодделенците од основното училиште „Даме Груев" во Битола се едуцираат како да стекнат сообраќајната култура,  да ги почитуваат правилата и прописите за  безбедно да стигнат до училиште.

Денеска СВР Битола и отсекот за превенција, РСБСП, како и претставници од Локалната самоуправа одржаа  работилница со ученици од прво до четврто одделение.

IMG 20190903 133908

 

-СВР Битола учествува во сите кампањи предводени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата(РСБСП), па така и во оваа воспитно едукативната сообраќајна кампања предводена од РСБСП на РСМ „Безбедни деца во сообраќајот- за безбедна и сигурна иднина" од почетокот на учебната година се до завршувањето на првото полугодие. Учеството се состои преку одржување на многу едукативни предавања во основните училишта се со цел запознавање на дечињата првенствено првоодделенците се до четврто одделение со сообраќајната култура, правила и прописи,како безбедно да стигнат до училишните клупи, бидејки пред се децата се нашата иднина и најранлива група граѓани. Денеска СВР Битола и отсекот за превенција, РСБСП, како и претставници од Локалната самоуправа го посетија основното училиште „Даме Груев" во Битола каде на првоодделенците им поделија боенки, на второодделенците сообраќајни лектири, а додека на трето и четвртоодделенците флуоресцентни елечиња, информира Сања Стаматова портпарол на СВР-Битола.

IMG 20190903 132912

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани