2win800x200

Во знакот на екологијата одбележан патронатот на ОУ „Стив Наумов“ (фотогалерија)

Октомври 25, 2019

ОУ „Стив Наумов“ годинава го одбележа својот патрон празник во знакот на екологијата. Учениците на ликовниот и литературниот конкурс твореа на тема „Кажи ѝ гласно на планетата Земја“, со цел внимание да се сврти кон свесно размислување за тоа колку и како може да се продолжи животот на планетата Земја.

stiv n1

 Наставничкиот колегиум за одбележување на патрониот празник  организираше бројни активности   кои  се реализираа цела недела,  од 21 октомври до денес

rabotilnica 1

Почнувајќи од најмалите и најбројните оваа година, првачињата, во соработка со нивните мајки и баби, се одржа работилница за зачувување на културните вредности , рачна изработка на предмети со раскажување и пренесување на искуствата на најмладите. 

rabotilnica 2

Дел од наставниците и учениците учествуваа на работилница во НУУБ "Св. Климент Охридски“ каде гледаа едукативен цртан филм за грижата на околината, селектирање и рециклирање, како и во Завод музеј-Битола каде се запознаа со минатото и богатата историја.

stiv n2

Biblioteka

rabotilnica 3

Така, преку бројни еко- работилници, учениците се доближија до поимите селектирање на отпадоци и рециклирање. Беше реализирана и практична активност на селекција на отпад во кругот на училиштето. 

selektiranje

Не изостанаа спортските активности реализирани од наставниците по физичко воспитание во соработка со нивните колеги од другите училишта. 

ucilisen dvor 2

ucilisen dvor

 

Наставникот Владо Кузмановски одржа историски час со учениците и положија цвеќе на бистата на Стив Наумов. 

received 540549913158983

 

received 404719133769942

На 24 октомври, во училиштето се одржа и приредбата на која се претставија учениците, хорот и оркестарот на училиштето, со драматизации, забавни содржини, а беше претставена и „ Македонската сликовница“,  изработена од страна на Ана Динковска Божиновска и Габриела Мамакис Петковска. Беа доделени и заслужените награди за ликовниот и литературниот конкурс во рамките на училиштето.

Eko kniga

 Наставниците и учениците испратија јасна пораката : Сите да се грижиме за нашата планета Земја, бидејќи резервна немаме.

Rabotilnica

E.M. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани