2win800x200

Беседа на г. Петар за Св. Нектариј: Воздухот е страшно загаден, Битола е касаба, прилепчани се подостоинствени верници од битолчани

Декември 18, 2019

„Се изинувам што вака говорам, но, многу е загаден воздухот, страшно е загаден и умираме“, рече Владиката Петар на крајот од својата беседа синоќа, на свечената академија по повод празникот Св. Некатариј Битолски што се одржа во Народниот театар. Најпрво ги искритикува битолчани за изгубените вредности, забележувајќи што во салата имало само 200 присутни граѓани и рече дека прилепчани подостоинствено го празнуваат нивниот патрон Свети Никола. Дури забележа дека на чествувањето не се оние што Св Нектариј го промовирале за патрон на Битола.

-Вака не се почитува светител кој е патрон на еден град. Вака не се љуби оној кој умира за нас, православните, умира за светот, умира да не подигне, но од кај нас нема возврат на таа љубов кон нашиот патрон. Некој ќе рече така е низ цела Македонија. Не е така. Прилепчани многу подостоинсвено, почесно и поодговроно го чествуваат Св. Никола. Цел град е на плоштадот, полна е цркавта на Свети Никола. И јас би сакал да е преполна црквата за Св Нектариј, но честопати и тие што треба да се таму, не се, оние што се повикувани и оние кои своевремено и во нивно време овој светител беше на некој начин промовиран за патрон на Битола, рече миторпотито Преспасно-пелагониски. г Петар. 

Нема љубов, не се сакаме меѓу себе, има голема завидливост меѓу луѓето, рече Г Петар и се пожали дека црквата е набадната од граѓанскиот сектор ако децата покажат љубов кон Бога. 

- Паднавме многу ниско, вредностите на нашиот народ македонски, на битолчани, не  е она што беше. Битола беше најградскиот град во Македонија, сега  мислам дека е  како касаба. Причината е што немаме веронаука во училиштата, а и тогаш кога децата ќе имаат порив да дојдат во црквата, да пеат итн, одма невладините организации, ете ги , ќе се собираат како орли против тоа што децата го сакаат Бога и веднаш добиваме страшни удари, рече Владиката Петар, а  на крајот од своето обраќање зборуваше за загадениот воздух, а дел од граѓаните кои протестираа пред Општината против аерозагдувањето, дојдоа во фоајето на Народниот театар додека траеше свечената академија.

-Се извинувам што вечерва вака говорам, но многу е загаден воздухот, страшно е загаден и умираме. Битола умира по разни основи, а овој пат поради загаденост. Но нема поголема загаденост од греовната загадност што е присутна кај нас. Треба да почниме да се прочистуваме, терба нешто да направиме Битола да не биде ваква, греовно загадена,  рече митрополитот Петар на свечената академија по повод празникот Св. Некатриј Битолски.

Е. Мисирлиевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани