2win800x200

И Тамара Стојковска ќе пее на плоштад во Битола за Нова година

Декември 23, 2019

Шарматната и талентирана млада музичка ѕвезда Тамара Стојковска ќе биде дел од музичарите кои на најлудата ноќ во годината ќе ги забавуваат битолчани на плоштадот Магнолија. Апла.мк дознава дека пред настапот на глвната ѕвезда на вечерта, етномузичарката Зарина Првасевда, со музички нумери присутните битолчани на плоштада ќе ги забавува и Тамара Стојковска. На македонската јавност ѝ е позната по убавиот глас. Досега има снимено неколку забавни песни, а ја препеа и легендарната песна „Ако одам во Битола“ која на градот на конзулите и Македонија своевремено им ја подари композиторот и текстописец Петар Георгиев-Калица. Тамара за Нова година ќе настапи заедно со „Фанк Д АпБенд“. 

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани