2win800x200

СДСМ бара неотповиклива оставка од советникот од Поинаку поради насилство

Декември 26, 2019

Советничката група на СДСМ на денешната прес конференција побара неотповиклива оставка од совeтникот од независната група Пoинаку во Советот на Општина Битола, поради повикување на насилство. Тие прашаа дали кривичната пријава на охридската полицијата за насилство  против лице со иницијали И. Ч. од Битола се однесува токму на него.

-Бидејќи на вчерашната седница на советот на општина Битола повторно бевме сведоци на повикување на линч со камења, што претставува форма на најпримитивно насилство , советникот кој што тоа го искажа јавно, го прашуваме дали има врска со насилието пријавено во билтенот на СВР Охрид, каде стои дека е поднесена кривична пријава против лицето И.Ч.  од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “противправно лишување од слобода” и “телесна повреда”?  Доколку има, го повикуваме, заради сериозноста на функцијата советник, на којшто граѓание, меѓу кои и жени, му дале доверба да ги претставува со советот на општина Битола, како највисока форма на локална самоуправа, да си поднесе неотповиклива оставка, рече советничката од СДСM,  Жаклина Наумовска

Советниците од СДСМ побараа и другиот советник од Поинкау, Габрела Иливеска да се огради од својот колега.

-Воедно, ако пријавата се однесува на него, бараме неговата колешка советник, која што воедно е и претседател на комисијата за родова еднаквост, да се огради од неговите форми на изразување  како советник. Дали повикува на насилие токму поради фактот што имаме жена градоначалник?, праша Наумовска

На вчершната седница на советот, советникот Иван Чулаковски од Поинаку од советничката говорница, зборувајќи за аерозагадувањето рече: 

-Вас ви пречеа неколку камења и неколку јајца што летнаа кон општината. Ви ветувам во името на битолчани, наредниот пат последователно кога надвор ќе имаме 700-800 ПМ10, малце ќе бидат неколку камења, малце ќе биди говор на омраза и нема да ме застанете со тоа што ме повикаа на информатовен разговор, рече Чулкаовски.

 

 Screenshot 2019 12 26 14 48 29

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани