2win800x200

Битола да добие повеќе паркови, корпи за отпадоци околу училиштата, да не се палат кабли на Баирот, покажа проектот на Геосфера

Јули 18, 2020

Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола, како граѓанска организација која делува во секторите екологија и образование, заврши со имплементација на проектот „Разбудете ја ЕКО-СВЕСТА во СЕБЕ“ поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија.

Беа реализирани три едукативни работилници со ученици од пет основните училишта во град Битола на тема: Справување со отпадот - Редуцирај, Рециклирај, Реупотреби! На работилниците учествуваа 76 ученици каде на интерактивен начин беа запознати со состојбите со отпадот во градот, резултатите од спроведената анкета врз 634 ученици за навиките на младите со справување со отпадоците, а преку креативни работилници и игри научија како отпадот да се селектира, рециклира и како да се реупотреби за друга намена. Работејќи во групи се дружеа меѓусебно и изработија корисни предмети, а за успешно спроведените активности, но и за продлабочување на знаењата и дисеминација на стекнатите знаења пред останатите ученици во училиштата, на сите учесници им беа доделени еколошки атласи. Обучените ученици извршија дисеминација на обуките пред останатите ученици во училиштата, со што, ја подигнаа еко-свеста кај учениците.

Беше реализирана работилница со ромското население од населбата Баир за користење на рачен алат за соголување на кабли. Покрај практичната работа со рачните алати, на населението им беше укажано на штетноста од палењето на каблите по нивното, но и по здравјето на сите граѓани во Битола. Ромското население од Горен Баир директно беше запознато со начинот на работа со алатите. На населението им беа подарени 29 парчиња на рачни алати за соголување на кабли, со надеж дека во иднина ќе се намали палењето на истите и ќе се намали аерозагадувањето во тој дел од градот. Населението потенцира дека доколку ЈП Комуналец од Битола ја откупува гумата од каблите, тоа дополнително ќе го мотивира да не ги палат каблите, на што во контакт со ЈП Комуналец и општина Битола е договорено во периодот кој следи да се организира состанок за разгледување на таа можност.

Беаанкетирани 634 ученици од пет основни училишта во град Битола за нивните навики со управување со отпадоците на училиште и дома. Учениците сами се обвинуваат за големото количество на расфрлан отпад во училишните дворови, беа спроведени 5 еко-акции, преку кои учениците на практичен начин демонстрираа како треба да се грижиме за животната средина. Но, она по што се надминаа себеси, беше идејата за спроведување на еко-патроли кои секојдневно патролираа низ училиштата, ги опоменуваа несовесните ученици и фотографираа, Геосфера достави иницијатива до училиштата за дополнување на еко-кодексот и воведување на општествено корисна работа за учениците кои ја загадуваат животната средина.

Во анкетата, од учениците беше посочено дека една од причините што расфрлаат отпадоци е и немањето на доволен број на корпи за отпадоци. Активисти на Геосфера извршија скенирање на теренот околу 23 образовни институции во градот и се констатира дека околу овие институции има само 68 функционални корпи за отпадоци, а за нормално функционирање потребни се дополнителни 130 корпи за отпадоци. Повеќе информации на следнава ИНТЕРАКТИВНА КАРТА и во БРОШУРА СО РЕЗУЛТАТИ. Како резултат на ова беше побарано од ЈП Комуналец поставување на дополнителни корпи за отпадоци околу училиштата. Во комуникација со Општината е договорено на следниот состанок да се разгледа и тој проблем.

 Според Светската здравствена организација, за одржување на јавното здравје на граѓаните, потребно е парковско зеленило со минимум површина од 9 m2 по жител, а оптимална површина меѓу 10 и 15 m2 по жител. За жал, според ГУП од 1999 год. во град Битола на граѓаните им е на располагање парковско зеленило од само 4,8 m2 по жител или половина од пропишаниот минимум. Просекот на парковското зеленило во градовите на Европската Унија се движи околу 18 m2 по жител. Поради ваквата состојба до општина Битола доставивме 13 предлог површини за изградба на паркови (истите можете да ги видите на интерактивната карта и брошурата со резултати од проектот), како и изградба на нов градски парк во Нова Битола, бидејќи во овој регион на градот не постои ниту една уредена зелена површина. За добивање на поголем зелен простор, Геосфера предлага и отстранување на дивите гаражи низ градот и нивно уредување во мали детски паркови и игралишта.

       7. Исто така, Геосфера изврши скенирање на урбаното подрачје на град Битола и ги мапира сите диви депонии во градот (истите можете да ги видите на интерактивната карта и брошурата со резултати од проектот). Констатиравме две огромни депонии со по над 50 m3 отпад во делот на Горен Баир, кај игралиштето за фудбал и каналот за прифаќање на поројните води. Каналот во еден дел е целосно исполнет со отпадоци и претставува опасност за поплавување на делови од населбата Бадембалари, заради што ќе побараме од ЈП Комуналец во блиска иднина истиот да се исчисти.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани