2win800x200

Ресен оздравува со голема самодисциплина

Август 12, 2020

 

Преспа забрзано оздравува од вирусот по само два месеца од почетокот на корона кризата во овој регион. Позитивни вести доаѓаат секој ден од Ресен каде бројот на оздравени е сѐ поголем, а бројката на инфицирани со денови е нула.

Од 10 јуни, кога беше дијагностициран првиот случај на корона вирусот, во овој град се потврдени 146 случаи, за сега активно болни се само 11 пациенти. Она што е охрабрувачко е што во последните единаесет дена (од 1 до 11 август) во Ресен има само еден новозаболен од вирусот, ама затоа оздравеле 21 ресенчанец.

Трендот на оздравување е особено впечатлив во последната недела од месец јули кога се евидентирани тројца новозаболени, а дури 25 оздравени. Во моментов ниту еден ресенчанец не е хоспитализиран, а активно болните се или без симптоми или со лесна клиничка слика. Болните и сега се во семејни кластери и тоа само во градот.

Од Општина Ресен велат дека она што ги мачи ресенчани е што има случаи каде и по 50 дена од потврдата на вирусот, заболените никако не можат да добијат негативен тест иако со недели немаат никакви симптоми. Поради тоа што тестовите постојано им се позитивни не можат да излезат од изолација.

„Она што ни создава грижа се специфичните случаи каде позитивните на вирусот и по 35 до 50 дена од дијагностицирање на болеста не можат да извадат негативен тест на корона вирусот. Ова се околу десеттина случаи. Луѓето се здрави, така се чувствуваат, ама тестовите им се постојано позитивни и мора да седат дома, што им прави дополнителна грижа“, изјави за „Независен“, градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски.

Повеќе прочитајте на следниот линк  https://nezavisen.mk/resen-ozdravuva-so-golema-samodisciplina/?fbclid=IwAR0LBqdD64a8RSlUq-eAUR1kPy9re8O83GPso9CLjV_r-cmpvY68aiC-F1Q

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани