2win800x200

Прилепската болница е со исполнет капацитет, неколку пацинети ќе се префрлат во Битолската

Октомври 08, 2020

Во сите одделенија во државата има значаен број на пациенти, некаде капацитетот е целосно исполнет и пациентите се праќаат во други градови, како што е случајот со пациенти од Прилеп кои се носат во Битола, рече министерот за здравство Венко Филипче. Во Битолската болница се хоспитализирани 17 пацинети со коронавирус. 

„Во Прилепската болница на Инфективното одделение нема во моментов слободни места, можат да се префрлат пациентите на некое од другите одделенија. Со оглед на тоа дека има слободни места во Битолската болница, неколку пациенти ќе се префрлат  во текот на денешниот ден. Тоа го менаџиравме утрово. Сега за сега ова не е нешто што не може да се изменаџира“, рече Филипче на денешната прес конференција.     

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани