2win800x200

75 години ЗНМ

Февруари 17, 2021

На седумнаесети февруари 1946 година, во салата на Градскиот народен одбор во Скопје, на повик на Акциониот одбор за основање на Здружение на професионалните новинари на Народна република Македонија, се состанаа новинарите од следниве скопски редакции: “Нова Македонија”, „Трудбеник”,„Единство”, Радио Скопје и дописништвото на агенцијата Танјуг и го основаа првото здружение на новинарите во историјата на Македонија. Основано е на 17 февруари 1946 година во Скопје како Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија.

После дискусијата за претседател на Здружението на новинарите на Македонија едногласно беше избран Мито Хаџивасилев – Јасмин, одговорен уредник на „Нова Македонија”. За потпретседатели се избрани Асен Тодоров, уредник на дописништвото на „Танјуг” и др Пиетро Јанура, одговорен уредник на весникот „Фљака е влазримит”, за секретар Дејан Алексиќ, раководител на дописништвото „Танјуг”, а за благајник Тошо Шкартов, член на редакцијата „Нова Македонија”. Собранието избра Пленум, Надзорен одбор и Суд на честа. За почесни членови едногласно беа избрани: Димитар Влахов, др. Павел Шатев, Бане Андреев, Алексо Муртаклов, Димитар Поп Ефтимов, Киро Миљовски, Веселинка Малинска и Љиљана Чаловска..”.

(Извадок од монографијата „Сребрен јубилеј на СНЈ“ – Сојуз на новинарите на Југославија)

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани