2win800x200

„Мицкоски лаже“-одговори поранешната градоначалничка Наташа Петровска за неговите обвинувања дека не склучила договор за набавка на електрична енергија

Декември 30, 2021

Претседателот на ВМРО-ДПМЕН Христијан Мицкоски при денешната псоета на Битола ја обвини претходната локална власт и поранешната градоначалничка Наташа Петровска дека не потпишале договор за набавка на електрична енергија па сега се плаќаат неколкукратно повисоки суми за струја.

-Оваа опозиција во Битола и претходниот градоначалник ја оставија општина Битола на цедило не потпишувајќи договор за набавка на електрична енергија,  па денеска мора да плаќаат петпати поскапи цени. Тоа е неодговорно однесување кон битолчани, па наместо за капитлани проекти тие пари треба да завршуваат за нешто друго, само поради тоа што админситарцијата не само во јавните претпријатија, туку и во општината се однесувала авантуристички, себично. Знаејќи дека ги напуштаат позициите ги оставиле општината и јп без потпишани догвори за струја, рече Мицкоски.

Мицкоски лаже, одгвори поранешната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска. Таа во својот допис до медиумите рече дека договортот е потпишан, снабдувачот го откажал, а општината ја наплатила банкарската гаранција за неисполнување на договореното.

„По повод изјавата на Мицковски дека општината не потпишала договор за снабдување со електрична енергија и затоа сега ќе се плаќала поскапа електрична енергија, сакам да и’ соопштам на јавноста - Мицковски лаже. Општина Битола и јас како градоначалник спроведовме јавна набавка за снабдување со електрична енергија за периодот од 12 месеци. На први март 2021 година се склучи договор за снабдување на електрична енергија за време од 1.03.2021 до 28.02.2022 година со друштвото кое понуди најниска цена, скоро за 40 % помала од проценетата вредност. Заради настанатата ситуација снабдувачот го откажа договорот од први октомври. Општината ја наплати банкарската гаранција за неисполнување на договорт а понатамошната постапка треба да си ја води сегашнава гарнитура.  Согласно закон од први октомври снабдувањето започна од универзалниот снабдувач од ЕВН за рок од три месеци по цени утврдени со закон. Мицковски изгледа незнае или така му одговара дека за време на избори неможе да се менува план за јавни набавки и да се распише нова јавна набавка. Наместо да лаже треба да одговори колкава беше неговата заработувачка од хидроцентралите на кои им се плаќаше субвенционирана тарифа за струја, рече  Петровска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани