2win800x200

Градежните активности за кои Општина Битола имаше склучено договор со Гранит за изградба на северната трибина на Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола се целосно реализирани. Тоа значи дека заврши изградбата на северната трибина, соопшти градоначалникот Тони Коњановски на денешната седница на Совет. (9.11.2022)

„Во тек е реализација на договорот за поставување на сточчиња за седење на трибината, за скоро време целосно ќе се постават. Преку договорот што Општината го има склучено со Фудбалската федерација на Македонија треба да бидат поставени четири главни големи рефлектори што ќе го осветлуваат стадионот и на нив веќе се работи преку поставување на електриката“, рече Коњановски.

Тој посочи дека добро е и Владата да размисли за овој проект кој Општина Битола го реализираше од сопствен буџет и се уште плаќа и да инвестира средства во реконструкција на другата трибина по примерот на Општината како овој објект би добил целосна рамка како што треба да изгледа.

Ајнур Османовски беше прогласен за најдобар дефанзивец на меѓународното првенство што недоамна се одржа во Ниш, Србија во параолимписката игра голбал каде учествуваа репрезентации од Балканот, а Македонија беше претставена со Тимот на слепи лица од Битола. Само неколку ден подоцна овој тим стана државен првак на државаното првенство во Македонија, натпреавурвајќи се со 12 екипи при што не претрпе ни еден пораз. Прваците тренираат во спортската сала во Центарот за социјални работи во Битола која денес беше пуштена во употреба по реновирањето и опремувањето со нова спортска опрема и реквизити.

„Тренирам 21 година и за првпат го добивме ова прво место иако имаме многу освоени втори места и загубени финалиња. Тренираме во оваа сала два пати во неделата. Тренираме пред се оринетација во простор зашто ни се врзани очите и не гледаме ништо. Ја тренираме мускулатура за да имаме подобар шут. Овој спорт за мене е многу значаен, место каде ние слепите можеме да се покажеме во најдобро светло. Ни значи како фудбалот и ракометот“, рече Османовски.

Општина Битола вложи донација во опрема од 111 847 денари за да се подобарат можностите за спортско рекреативни активности за лицата со поречености. „

„Донација во опрема во вредност од 111.847 денари е обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“ во партнерство со ЗЕЛС. Проектот е имплементиран од НАЛАС - Mрежа на националните асоцијации на локалните власти во Југоисточна Европа и ЗЕЛС, во соработка со GIZ, а во име на Германското Федерално Министерство за економска соработка и развој (BMZ). Во рамките на проектот, општината претходно спроведе повеќе активности, а со оваа донација која се дава на Здружението Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Битола во кое членуваат лица со различна попреченост, се овозможува поддршка на лицата со телеснавизуелна попреченост и потешкотии со слух и говор од аспект на обезбедување на услови за поттикнување и зголемување на нивната физичка и спортска активност, преку обезбедување соодветна опрема за тоа.  

salata

Покрај оваа донација, со средства од oпштината од програмата за млади и спорт за 2021 се направи реновирање на Спортската сала (бојадисување, стружење и лакирање на паркетот), со што во оваа сала значително се подобрени условите за лицата со попреченост“, изјави градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Реализацијата на овие проекти, кои се заокружуваат во пресрет на Меѓународниот ден на белиот стап – симбол на слепите лица, e во насока на зајакнување на поддршката која ја обезбедува општината за лицата со попреченост, што пак дополнително е изразено и преку програмата за социјална заштита.

Во реновирањето на просториите сопствени средства вложи и советникот Борче Корлевски, кој подолго време им помага на Здружението на слепи лица од Битола.

„Реконструкцијата ги опфати сите сегемнти од тавамнскиот дел, електриката, подот, ѕидовите и останатите делови кои повеќе од три децении не беа реконструирани“, рече Корлевски.

0

Само во Битола има над илјада лица со попречености кои ќе можат да ја користат реновираната и опремена спортска сала.

Со концерт на групата „Меморија“, синоќа на Ракометното игралиште, заврши програмата на 14 издание на битолското културно лето „Бит Фест“. На затворањето на фестивалот, свое обраќање имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски:

„Сакам да се заблагодарам на сите оние кои беа учесници на годинешниот Бит Фест 2022, во мое име, во име на луѓето од Општина Битола кои се заложија се да биде како што треба, Советот на Општина Битола, но најмногу до музичарите, уметниците и до Вас, граѓаните кои дадовте поддршка на сите манифестации. Посетеноста на настаните, од над 40.000 посетители во изминатите 77 дена е потврда за успехот кој го постигнавме, поаѓајќи од желбата да изградиме еден сосема нов концепт на битолското културно лето, токму онаков како што и доликува на Битола.

меморија 3

Реализиравме 140 настани од официјалната програма на БИТ ФЕСТ, меѓу кои 9 фестивали, 64 музички концерти на класична, поп, рок, џез музика, како и музика низ која се слушаше народниот мелос, 10 изложби, 25 филмски проекции, 20 театарски претстави, уметнички перформанси и други настани низ кои се промовираше културното наследство и традицијата.  Дополнително, осум фестивалски денови со фестивалот „Браќа Манаки“, Битола го славеше филмот и големите кинематографери, а градот беше еден од најважните фестивалски центри во Европа. Имавме гости од над 15 земји од светот, но истовремено ја негувавме и промовиравме и македонската култура и традиција.Со „Меморија“, да сочуваме уште подобри сеќавања од БИТ ФЕСТ 2022 и овогодинешното искуство нека биде наш заеднички мотив за нова успешна програма која заеднички ќе ја креираме“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, пред почетокот на концертот на „Меморија“.

меморија 4

Новиот концепт кој го воведува општина Битола во организација на битолското културно лето, продолжува континуирано да се надградува, а организациските подготовки за новото издание на „Бит фест“, ќе започнат уште од следниот месец.

меморија 2

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани