2win800x200

Ќе се реновира поранешниот објект „Парк“ кај Офицерски, договорот е веќе потпишан

Март 28, 2022

Објектот на некогашниот ресторан „Парк“, кој долго време е руиниран, ја нагрдува сликата од опкружувањето на реновирениот Офицерски дом. Во втората фаза од проектот „Смарт-кул-тур“ финансиран од ЕУ, планирано е да се реновира и овој објект, но да му се даде намена за културни, а не угостителски цели.  ..

„Предвидена е ревитализација на Пациото од Завод и музеј Битола и санација на некогашниот ресторан Парк. Битола ја очекува период на културна и туристичка презентација, а со тоа и поголем приход, целата е туристите да останат што е можно повеќе во Битола, а да не ја одминат. Парк е во скоп на КИЦ секако дека ќе биде наменет за културни настани, а можеби и за невладините организации. Допрва ќе се одредува намената, но мора да има одржливост“, рече градоначалникот Коњановски. 

Министерството за локална самоуправа ќе кофинансира во овој проект, како што беше случај и во првата фаза. Инаку, проектот е на претходната локална самоуправа.

„Парк  сите знаеме каква руина е. Го потпишавме договорот во Скопје со градоначалникот Коњановски. Ова е проект од претходната локална самоупрацва требаше да биде исто куќа на културата, но новото раководство сака да дополни и некои дриги содржини. Доколку дозволат од ЕУ, за нас не е проблем да се дополни и со други содржини. Важно ни е да се тргни таа грда слика за градот. Офицерскиот е реновиран а ова сега ја нагрдува околината“, рече министерот Горан Милевски.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани