2win800x200

Врачена наградата „Тоде Петревски“ на новинарот на МТВ Стевче Митревски

Мај 30, 2022

Дописникот на МРТ од Битола, Стевче Митревски е добитник на наградата за новинарство „Тоде Петревски“ за 2022 година, која Битолски весник ја доделува веќе 18 години. Наградата се доделува во чест на прерано починатиот  доајенот на битолското и македонско новинарство Тоде Петрески, долгогодишен дописник на Радио Скопје од Битола.

„17 години сум новинар во националниот сервис, а четир децении лојален на матичната куќа. Посебно ме прави горд зашто почнувајќи со техника , па до денес како новинар, етапно, макотрпно сум ги поминал сите премрежја, за да бидам она што сум денес, а и современото новинарство вели дека комплетен репортер е оној кој знае да да пишува и да фотографира и да снима и да монтира... За мене не канцеларискотоското туку теренското е она вистинсото новинарство“, порача Митревски.

284556732 3446229775606319 4780616474826488700 n

Сопственикот на „Битолски весник“, новинарот Менде Младеновски, кој ја додели наградата, рече дека настанот би го започнал со тишина зашто таа најмногу зборува за финансиската состојбите во медиумите во Битола. Но, се предомислил гласно да зборува за проблемите зашто Тоде не го сакал молкот, туку гласното зборување за вистината.

„ Новинарството во Битола е во далбока кома, на умирање. И од нас зависи дали новинартството ќе изумри како професија. Во изминатите десетина година згаснаа десетина медиуми, во изминатите месеци три-четири и од 130 медиумски работници и новинари денес останаа петнасесетина. Мора глсно да зборуваме. Политичарите сакаат да ја замолкнат слободната мисла. Новинарството е храброст. Ќе не` има додека пости и последниот новинар“, рече Младеновски.

Сопругата на Тоде, Снежана Петревска, изјави дека новинарската професија треба и мора да биде разбудениот дел од народот.

„Им пожелувам на сите кои се занимаваат професионално со новинарство да бидат храбри и да бидат еден Тоде Петрески“, рече Петревска.

Ќерката на новинарската легенда, Даниела Петревска, исто така порача пред присустните: „Јасно и гласно да го кажувате вашиот збор, да ја кажувате вистината и да ја презентирате пред јавноста“.284294268 2853982944896136 6836730127958188587 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани