2win800x200

Власта предупредува „ќе ги нема“ гаражите зад зградата „Јат“- опозицијата бара јавна расправа

Мај 31, 2022

Власта предупредува „Ќе ги нема“ гаражите зад зградата „Јат“- опозицијата бара јавна расправа. Гаражите зад зградата позната како „Јат“ во строгиот центар на Битола ќе се туркаат и ќе се прави паркинг простор, ваква одлука донесе вчера Советот на општина Битола. Од власта со предупредување дека ќе ги „нема“ досегашните времени објекти, а од опозицијата побараа јавна расправа, ама и одговор на клучното прашање дали реконструирана  „Рузвелтова“  ќе биде амбиентална улица или влез за паркинг во центарот на градот. 

-Во моментов ЈП “Нискоградба“ започна со рушење на објектот на стариот суд за прекршоци со цел да се ослободи тој простор и на другот дел има биквално узурпирано земјиште од луѓе кои што си направиле гаражи и тие ќе ги нема. Сфаќате, како да ви кажам ќе ги нема. Не може некој во центарот на градот да со прави таму гаражи, да ги изнајмува или било што да прави. Законот ќе почне да важи од „Јат“, предупреди вчера од советничката говорница Бојан Бојковски, советник на ВМРО ДПМНЕ.

Советникот од СДСМ, Борче Корлевски, пак им порача на советниците од власта, дека пред било што да преземат, добро е да има јавна расправа. 

-Убаво  е да им кажете на граѓаните да ги известите да знаат што да прават со своите објекти, бесправи -правни. Во 2012 година започнавте еден таков процес и злосторникот повторно се враќа на местото на злосторот. Македонски синдром-ВМРО ДПМНЕ на комшиите да им ја скрои капата за да си направи паркинг простор. Не оди тоа така колега. Заборавивте дека „Рузвелтова“ е амбиентална улица, ќе ја ископате калдрмата и таму ќе биде влезот за автомобили?  Кога правите планови треба студиозно да настапите , дали ќе с ејави тесно грло кај Поштата, влез и излез, ќе го зголемите паркинг просторот кога ќе ги турните гаражите? Каде ќе паркираат станарите? Значи единствено што ќе биде е што ќе им поставите рампа и ќе наплаќате. Не може деспотски на сила да одите, рече Корлевски, советник на СДСМ.  

Нема достапен опис

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани