2win800x200

Македонската ИТ компанија ⋮IWConnect го одбележа отворањето на новите канцеларии во Битола со извонредна забава во (Great Gatsby) стил

Јуни 09, 2022

По 18 години постоење, 18 години создавање на уникатна вредност за своите клиенти, 18 години обезбедување на работни услови кои само компанија од светски ранг може да ги има, македонската ИТ компанија ⋮IWConnect вчера официјално го прослави отворањето на новите канцеларии во Битола во сопствен простор. Сонот којшто оваа компанија неколку години го сонуваше од вчера стана реалност – сопствен простор и канцеларии изработени по светски стандарди. Новата зграда на ⋮IWConnect е рефлексија на духот на оваа компанија и ги спојува традицијата, иднината и технологијата во едно.

 

Позната по светските технологии со кои работат, клиентите кои ги имаат, вработените, како и по несебичното поддржување на сите културни и спортски настани кои придонесуваат за градење на културата во нашата држава, ⋮IWConnect го одбележа отворањето на новата зграда со извонредна забава во Great Gatsby стил. На самата прослава присуствуваа повеќе од 300 гости, вклучувајќи ги и вработените на компанијата, клиенти, партнери и соработници од земјата и странство.

26

Што е она што ја прави новата зграда на ⋮IWConnect поинаква?

Изградена на 6 нивоа со ултра модерни канцеларии, иновативни училници за ИВ Едукативен Центар, ресторан за вработените на ⋮IWConnect, градинка за децата на вработените, огромна галерија за забава и релаксација, и целосно опремен фитнес центар.

„Новите работни простории кои се направени следејќи ги последните светски стандарди ќе имаат позитивно влијание врз компаниската култура, комфортот на вработените и продуктивноста“, изјави Александар Мемца, Партнер во ⋮IWConnect. „Оваа инвестиција е само дел од плановите кои ние ги имаме, а се со цел да им овозможиме на нашите вработени да работат од канцеларии каде ќе се чувствуваат како дома. Дополнително, новата зграда ќе ни овозможи да го зајакниме нашиот бренд, да продолжиме со нашите бизнис иновации и со испорачување на врвни резултати. Креиравме нешто што е лично наше, совршено се вклопува со нашиот дух, а во исто време е и забавно, авантуристички и доволно топло да го наречеме наш дом. Она што е уште поважно е дека во подготовката на зградата се користени нискозагадувачки материјали со што ја поддржуваме нашата иницијатива за здрав воздух и здрава животна средина.”

 црвено 12

Битола е седиште на IWConnect започнувајќи од 2004 година. Од денот на основањето па сè до денес, оваа компанија е посветена на континуирано создавање на иновативни решенија и вредност за своите клиенти правејќи ги поконкурентни на пазарот. И покрај тоа што претходните две години беа крајно непредвидливи, тие донесоа голем број на промени и огромен раст за ⋮IWConnect, како што се релокација на канцеларијата во Скопје, и отворање на новата зграда во Битола подготвени по светски стандарди.

Контакти:

Андријана Димитриевска

Marketing Consultant | Content Marketing

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Ана Дукиќ

HR Recruiter

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

0

2

1

3

 

 црвено

 

 црвено 2

11

 

 

црвено 3 

 

 црвено 4

црвено 5

црвено 6

црвено 7 б

црвено 8

црвено 10

црвено 13

 

28

30

црвено 11

31

32

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани